Штрајк во "Фиат"
Сабота, 06 Февруари 2010 12:46
Торинскиот автомобилски гигант “Фиат” се соочува со проблеми по штрајкот на вработените, кои се незадоволни по одлуката на раководството, да сопре со производството во фабриката на краток период.
Ова е прв државен штрајк во “Фиат” откако извршниот директор Серџо Марчоне ја презеде компанијата во 2004 година и предизвика пресврт во неа.

Престанокот на производството, челните луѓе на автомобилската компанија го оправдуваат со нужното намалување на трошоците за транспорт на деловите од Северна во Јужна Италија, кои ја чинат фабриката од 1000 до 1400 евра по кола.

“Фиат” беше една од ретките компании која остана имуна на глобалната економска криза , но последните случувања навестуваат дека и оваа автомобилска компанија ќе се соочи со неа.
Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy