|
Вторник, 02 Февруари 2010 09:28 |
 Џенерал Моторс планира даа отпушти уште 2000 работници од Опел,
но не планира да да ги намали трошоците за менаџментот, соопшти претставник на европските синдикати, по состанокот со извршниот директор на „Опел“, Ник О’Рајли.
Претставникот на синдикатот соопшти дека на средбата добиле потврда дека „Опел“ не се откажува од планот за укинување на 8.300 работни места, од кои дури 4.000 во Германија, како дел од програмата за намалување на своите производствени капацитети за една петтина поради падот на глобалната побарувачка на возила.
- На состанокот дознавме и дека „Опел“ не планира да ги намали трошоците за менаџментот, туку напротив ќе биде вработен нов персонал во управата, нагласи синдикалниот претставник.
„Џенерал Моторс“ претходно информира дека сака вработените да го прифатат планот за рационализација до средината на февруари, со цел бројот на работниците на компанијата да се сведе на обем кој ќе овозможи профитабилно работење.
Американската компанија исто така планира и намалување на платите на вработените во нејзините погони во Европа во наредните пет години, со што годишно би се заштедиле 265 милиони евра.
Во исто време „Џенерал Моторс“ настојува до добие 2,7 милијарди евра помош од државите во кои има свои погони, во форма на кредити или кредитни гаранции, со цел да може да ја спроведе планираната реорганизација, која се предидува да чини 3,3 милијарди евра. Се очекува деновиве „Опел“ и официјално да побара финансиска помош од германската Влада.
 |