Груевски: Покажавме дека можевме сами да излеземе од кризата
Сабота, 30 Јануари 2010 17:26
Индустриското производство во Македонија конечно во пораст.
По стагнацијата која траеше скоро цела година како последица на светската економска криза статистиката покаша дека оваа година имаме раст од 20 отсто споредено со истиот период од ланската година. Ова за премиерот Груевски е знак оти економската криза полека поминува, иако признава дека податоците дури и за него се изненадување.  

- Но со тоа се потврдија најавите на експертите дека 2010 ќе биде година на постепено закрепнување од економската криза. Посебно радува фактот што покажавме дека како држава имаме капацитет сами да надминеме  големи економски кризи кои го дрмаат целиот свет, изјави денеска Премиерот Никола Груевски.
Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy