|
Вторник, 26 Јануари 2010 08:47 |
|
Штипскиот градоначалник Зоран Алексов најави дека германска компанија сака да гради текстилна фабрика во Штип во која би се вработиле 300 работници.
- Во тек се разговорите со заинтересираните. Понудени им се одредени локации, каде што можат да градат. Во моментов радува фактот што странски инвеститор сака да вложува во изградба на конфекција, а тоа значи дека водечката индустрија во градот пополека излегува од рецесијата, изјави Алексов. Тој додава дека на германскиот инвеститор, но и на сите останати кои сакаат да градат стопански капацитети, понуден им е попуст при уредувањето на градежното земјиште.
 |