Во Мексиканскиот залив се излеаја 1,7 милиони нафта
Недела, 24 Јануари 2010 11:45

Танкер и брод-влекач се судрија во близина на брегот на југоисточниот дел на американската држава Тексас, при што во Мексиканскиот залив се излеаја околу 1, 7 милиони литри сирова нафта.

Во инцидентот нема повредени луѓе, но околу 100 жители од градот Порт Артур, кој се наоѓа во близина на сударот, беа евакуирани неколку часа поради опасните испарувања од нафтената дамка.

Рафинериите во Порт Артур и Бемонт имаат капацитет за рафинирање на 1,15 милиони барели нафта, што е околу 6,5 проценти од вкупните американски капацитети.

Ниту една од рафинериите во Порт Артур не пријави проблеми откако пристаништето е затворено по инцидентот. Рафинериите имаат огромни количини нафта во гигантски контејнери и на копно.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy