Награден македонски проект на меѓународен натпревар
Среда, 18 Март 2009 12:29
Македонската компанија „Брокер Инц“ со проектот за финансиска платформа „Финекс Про“, освои второ место на глобалниот натпревар „Youth 2 Innovation“.

Брокер Инц., е компанија која се занимава со графички дизајн, брендирање и изработка на веб-страници, како дел Претприемчкиот сервис за млади ПСМ  Инкубатор Скопје. Нејзиниот  сопственик Деан Крстевски, заедно со другите победници, Алексеј Леонтиев од Русија и Стеланиа Економу од Романија ќе ги презентираат своите проекти пред глобални инвеститори и претприемачи на  Третет форум за бизнис инкубација, што ќе се одржи во мај годинава во Бразил, соопшти ПСМ Инкубатор.

Натпреварот за иновативни бизнис идеи за земјите од Југоисточна Европа и Централна Азија, годинава се одржа првпат, а го организираше мрежата на бизнис инкубатори ИнфоДев, финансирана од Светска Банка.

Компанијата Брокер Инц.,неодамна беше наградена и на Светскиот Самит за информатичко општество, во категоријата е-бизнис и трговија, за инвестицискиот портал www.broker.com.mk.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy