|
Среда, 18 Март 2009 11:01 |
|
Светската банка го намали своето предвидување за кинескиот економски напредок за оваа година, на само 6,5 проценти. Луис Куис, истакнат економист на банката, вели дека ова бил незаобиколно.
Ова е доста пониско од минималните 8 насто за кои аналитичарите веруваа дека се потребни за Кина да се одржува просперитетна и стабилна. Кинеската влада зборува за закана од социјални немири доколку дојде до застој во економијата. Дописникот на БиБиСи во Пекинг јавува дека банката предупредува дека дури 25 милиони работници во Кина може да останат без работа поради колапсот на извозот со кинески производи.
 |