Обама згрозен од бонусите на челниците на АИГ
Вторник, 17 Март 2009 15:36
Американскиот претседател Барак Обама налутен поради бонусите од 165 милиони долари, кои му биле ветени на раководството на американско осигурително друштво АИГ.

АИГ е во криза, а претседателот вети дека ќе стори сè за да ја спречи исплатата. Обама му наложи на секретарот за финансии, Тимоти Гајтнер, да го искористи секој можен легален пат за ги блокира бонусите за менаџерите на осигурителната куќа.

Тој уште во Вашингтон изјави дека е тешко да се разбере како раководните лица искамчиле дополнителни 160 милиони, кога државата минатата година мораше да инвестира повеќе од 150 милијарди долари државни пари за да ја спаси компанијата од пропаст.

Новиот шеф на АИГ, поставен од американската влада, Едвард Лиди, изјави дека исплатата за старите директори не може да биде откажана бидејќи тие ќе покренат тужби поради неисполнување на договорите.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy