|
Среда, 11 Март 2009 12:44 |
|
Акциите на Вол стрит во вторник забележаа најголем раст во 2009, со зголемување на индексот Стандард&Пурс 500 за 4,6 насто, откако банката Ситигруп соопшти дека има најдобар квартал од 2007 година.
Акциите на Ситигруп поскапеа за 38 проценти, откако е соопштено дека банката имала добивка во првите два месеци од оваа година, откако пет квартали по ред нижеше загуби. Акциите на ЏејПи Морган Чејс скокнаа за 23 насто, а на Бенк оф Америка за 28 проценти, откако Централната банка ФЕД повика на темелна ревизија и промени во финансиската регулатива. Најголем скок од 1980 година имаа акциите на Џенерал Електрик, чија вредност се зголеми за 20 проценти. Индексот Дау Џонс порасна за 5,8 насто, а технолошкиот индекс Насдак се зголеми за 7,07 проценти. На њујоршката берза во вторник во плус завршија 2.918 акции, а во црвено 221, со промет од седум милијарди долари. Американските аналитичари оценуваат дека е дојдено време парите повторно да почнат да се ставаат на акции.Aкциите се евтини, а поттикнувањата ширум светот ќе помогнат приходите да се зголемат. Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax
 |