|
Среда, 11 Март 2009 12:37 |
|
УНИБанка денеска соопшти дека со најновиот извештај од своето работење за 2008 година бележи пораст во сите сегменти на работењето.
Вкупните банкарски приходи изнесуваат над 1,3 милијарди денари (21,5 милиони евра) што претставува пораст од речиси 40 отсто во споредба со 2007 година, додека на нето основа порастот на приходите изнесува 22,19 отсто. Вкупните приходи од курсни разлики изнесуваат 403,8 милиони денари и се задури 85,61 отсто поголеми од 2007 (216,8 милиони денари), што доведува и до пораст на нето приходите од курсни разлики од 15,37 отсто. Како резултат на претходно наведеното добивката на Банката пo оданочување изнесува 97,28 милиони денари (1,5 милиони евра). ”Овие резултати се показател на квалитетот и успешната стратегија која ја применуваме во изминативе години. Податок што најмногу ни значи е прогресивното зголемување на бројот на клиентите, изјави Претседател на УО на УНИБанка, Коста Митровски додавајќи дека банката продолжува со исто темпо.
 |