Сточарите на Сведмилк добија 900.000 евра
Недела, 08 Март 2009 23:42
Сточарите-кооперанти на Сведмилк ги добиваат своите пари на сметките. Исплатата започна во петокот, доцнапопладне, и како што ни потврдија и самите сточари, новите газди на Сведмилк им го исплатиле долгот за предаденото млеко за август и септември 2008 година. Досега на сметките на фармерите се легнати околу 900.000 евра. Во соопштението од Сведмилк стои дека од денеска ќе продолжи исплатата на долгот кон сточарите. Сопственикот Моше Баум им најавил дека во текот на утрешниот ден и во среда уште милион и пол евра ќе бидат префрлени на нивните банкарски сметки, со што млекарницата ќе го подмири долгот заклучно до декември. Што се однесува за подмирување на долгот за јануари и февруари и за тековниот откуп на млекото, сточарите велат дека ќе склучуваат нови договори со млекарницата за натамошна исплата.

Од Сведмилк истакнуваат дека го подмируваат долгот и кон фирмата Тетрапак и другите добавувачи, како и кон вработените во млекарницата. Тие во петокот добија една од заостанатите плати што го прекинаа неколкудневниот штрајк и продолжија со преработка на млекото.

Некои од сточарите од скопскиот, штипскиот и кумановскиот регион велат дека парите се уште не ги добиле, но од Сведмилк ги информирале дека парите се пуштени во сите региони. Поради различните платни промети на банките, некои фармери парите ќе ги добијат во текот на денов.
Ова се првите пари што по седум месеци ги добиваат најголемиот дел од 3.500 сточари. Нивното побарување од Сведмилк достигна околу четири милиони евра. Откако Феникс Енерџи на 17 февруари и официјално стана сопственик на Сведмилк, се најавуваа неколку термини за почнување со исплата на фармерите. Според првичното договарање со фармерите, сопственикот Моше Баум вети целосна исплата до 10 овој месец. Процесот се одолговлекуваше поради регистрација на новите газди и проблемот со блокираните сметки од страна на банките.

Од Министерството за земјоделство истакнуваат дека е започната ревизија во Сведмилк за да се прочешла работењето на претходните газди со цел да се открие каде и зошто биле направени огромните долгови за само двегодишно работење на млекарницата која беше најавувана како огромен потенцијал со најсовремена опрема на Балканот за преработка на млеко.

Коментари (1)Add Comment
...
напишал s.f.o., March 11, 2009
Bliskosta so Evreite nikogas ne bila na steta na Makedonija.
Пријавете несоодветен коментар
гласај против
гласај за
Гласови: +0

Напишете коментар

busy